По елиминацијата на Вардар од Лигата на шампионите, македонскиот првак продолжува во Конференциската лига. Таму останува и тетовска Шкендија која лесно го мина составот на Европа од Гибралтар. Кратовски Силекс го заврши настапот по елиминацијата од белорускиот Динамо Минск на пенали.
Така два преостанати македонски претставници во УЕФА Конференциската лига, Вардар и Шкендија ги дознаа противниците за третата квалификациска рунда.
Прво, Вардар го чека двомеч со летонската Рига во второто квалификациско коло. Првиот меч ќе се игра в среда на арената „Тодор Проевски“ од 20 часот. Доколку вардарци го минат второто коло, во третото за противник ќе ја имаат подобрата екипата од дуелите меѓу Атерт Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија).
Шкендија пак во четврток на гостински терен во Словенија ќе го игра првиот дуел против тимот на Браво. Ако тетовски ја минат оваа пречка, тогаш во 3.коло квалификации ќе играат против победникот од дуелот Малишева (Косово) – Хибернијан (Шкотска),



































