Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига.
Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија). Иако во првиот натпревар на гостувањето и тоа во Бугарија, Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена.
Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште на самиот почеток. Уште во 16.минута, по ударот Малашевич и лошата проценка на Џеков, Динамо поведе со 0-1.
Белорусите беа посериозен противник и поквалитетен, па создадоа неколку шанси. Силекс имаше само само во првото полувреме преку Ефтимово во 43-тата минута.
Во вториот дел (70.минута) по една брза контра Богдановски, одлично го проигра Ефтимов кој иако изби сам пред гостинскиот голман, наместо мрежата го погоди него. Иако избраниците на Васовски се трудеа да дојда до израмнување, кое ги водеше во следната рунда сепак тоа не успеаја да го сторат. А, тој резултат (0-1) остана на семафорот и по продолженијата, односно дополнителните 30 минути.
Во пенал „рулетот“, повеќе концентрација, нерви, но и среќа имаа гостинските фудбалери. Трагичар беше Димовски кој во шестата серија ја погоди пречката па Динамо победи со 5-6.



































