Од денеска до недела Струмица ќе биде во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност. Таму ќе се игра завршниот турнир на годинашното издание ја на Купот на Македонија во двете конкуренции.
Натпреварувањето започнува денеска со полуфиналните дуели кај мажите. Тоа практично ќе биде реприза на ланските полуфинални натпревари.
Први на теренот ќе истрчаат актуелните шампиони ракометарите на Еурофарм Еелистер и екипата на Охрид. Овој натпревар е закажан во терминот од 17 часот, а од 20 ќе си игра второто полуфинале. Во него Вардар одбраната на пехарот ќе ја почне со натпреварот против составот на Алкалоид.
За утре пак, предвидени се дуелите во женската полуфинална рунда, а во недела од 17 и 20 часот ќе се играат финалните мечеви.
Вардар е апсолутен рекордер во ова натпреварување со 17 освоени трофеи. Битолскиот Еурофарм Пелистер досега пет пати го освои Купот, а Алкалоид има една титула (2024 година), додека Охрид сè уште бара свој прв трофеј.
Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.


































