Екипата на Шкендија стигна до својата 21-ва победа во Првата лига, откаоко со 4-1 по вторпат сезона во Кавадарци го совладува Тиквеш.
Тетовчани одиграа доминантно во првото полувреме во кое создадоа три гола предност. Во петнаесеттата минута со голот на Меличи поведоа со 0-1. По брзата акција во 35.минута Ибраими веќе зголемува на 0-2. Третиот гол во првото полувреме беше погодок на Љатифи по лоша реакција во одбраната на Тиквеш (43.минута)
Во второто полувреме Тиквеш тргна добро, па Стојчев по корнерот погоди за 1-3. Веќе во 54.минута акција на Љетифи и несмасна реакција на Вариловски, Шкендија стигнува до 1-4
Актуелниот првак Шкендија сега е на првата позиција на табелата, а има 67 бода, два повеќе од Вардар кој утре е апсолутен фаворит во дуелот со Шкупи..
ПРВА ЛИГА – 28 КОЛО
петок – 17 април
СИЛЕКС – АП БРЕРА 4 – 0
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4
сабота – 18 април
13.00 ШКУПИ – ВАРДАР
15.00 ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
недела – 19 април
13.00 РАБОТНИЧКИ – АРСИМИ
15.00 БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л.




































