Започнува борбата за место во осминафиналето на Лигата на шампионите со натпревари од плејофот. По осум четири нтпревари ќе видат одиграни денеска и утре.

Најголемо внимание секако ќе привлече натпреварот во Лисабон, каде Бенфика го пречекува Реал Мадрид.

Тренерот Жозе Мурињо седи на клупата на Бенфика, а некогаш го водеше Реал Мадрид. Во последното коло на групната фаза (на 28 јануари), Бенфика победи со 4:2, со историски гол на голманот Анатолиј Трубин во 98-мата минута. Овој пораз Реал Мадрид го чинеше директен пласман во осминафиналето, па сека „кралевите“ ќе мораат од првата елиминациска рунда.

Во преостанатите три натпревари има голема возбуденост. Јувентус гостува кај Галатасарај, а Монако и ПСЖ играат во француско дерби. ПСЖ е во специфична позиција по неуспехот да обезбеди директен пласман меѓу најдобрите осум. Екипата на Луис Енрике покажува ранливост и во Лига 1, каде го загуби лидерското место од Ленс по поразот од Рен. Монако веќе докажа дека може да го победи фаворитот на домашен терен.

Лигата на шампионите – 1/16 финале

Вторник
Галатасарај – Јувентус (21 часот)
Бенфика – Реал
Борусија Дортмунд – Аталанта
Монако – ПСЖ
Среда
Карабах – Њукасл (18.45 часот)
Бриж – Атлетико Мадрид (21 часот)
Бодо Глим – Интер
Олимпијакос – Баер Леверкузен