Нови два натпревари попладнево ќе бидат одиграни во рамките од 18-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во Скопје, екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека фенерџијата Шкупи. За ,џлавовите” од Ѓорче, победата императив и освојувањето на трите бодови, доколку сакаат да останат во игра за позициите кај од обезбедуваат опстанок во елитната конкуренција. Шкупи веќе одамна е отпишан и уште отсега може да го прогласиме за нов второлигаш.

Многу поинтересна се очекува да биде на натпреварот во Гостивар. Таму екипата на Арсими ќе биде домаќин на струмичка Брера. Само два бода е разликата меѓу овие две екипи, а гостиварците се на шестата, додека струмичани на осмата позиција. И тие вода битка за позициите кои обезбедуваат опстанок во Првата лига. Оттаму и овој дуел е со императив да бидат освоени трите бода.

Натпреварот во Ѓорче Петров ќе почне во терминот од 13 часот, а оној во Гостивар од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО

понеделник (16.02.2026)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)
одиграно
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3

Standings provided by Sofascore