НБА Ол-стар натпреварот со видно изменет концепт, ноќеска се одржа во Лос Анџелес, во новата арена „Интуит Дом“.
Наместо вообичаениот дуел меѓу две конференции, беше воведен турнирски систем со три екипи. Две американски селекции именувани како „УС Ѕвезди“ (млади играчи) и „УС Стрипс“ (ветерани), како и тим составен од меѓународни играчи под името „Светот“.
Трите екипи играа кратки натпревари (по една четвртина од 12 минути).
Во првото коло „ветераните“ ги победија „тимот на светот“ со 42:40, а потоа „УС Старс – млади“ славеа над „УС Стрипс“ 37:35. Најнеизвесен беше ттретиот натпревар меѓу ветераните и светските ѕвезди кој заврши по продолжение, а го добија Американците и обезбедија финале. Во него предводени од Ентони Едвардс „младите ѕвезди“ ги декларираа „ветераните“ со 47:21.
Тој го заврши турнирот заврши со 32 поени и имаше просек од 10,6 поени, три скока и една асистенција, па прогласен за најкорисен играч.
Следната година, НБА Ол-стар викендот ќе се одржи во Феникс.





































