Фудбалерите на македонија ѓорче петров очекувано славеа победа во дуелот против последнопластираниот шкупи.
Натпреварот од 18коло одигран во Ѓорче Петров беше решен уште во првиот дел кога беа постигнати трите гола.
Стрелци за убедливите 3:0 беа Хамзиќи (10.минута), Герено (19) и Софијаноски кој постигна прекрасен (29 минута). Во продолжението имаше уште неколку шанси, но резултатот остана непроменет.
Македонија Ѓорче Петров ја запиша петтата победа, четврта на деветтиот домашен натпревар. Она што и позначајно за „лавовите“ стигнаа до важни три бода кои ги искачија на 9. позиција на табелата – една од оние што водат кон бараж.
Сега се чека исходот од вториот денешен дуел меѓу Академија Пандев Брера и Арсими, каде струмичани водат со 1:0 на полувреме. И тоа е битката за директен опстанок во првата лига.
ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО
понеделник (16.02.2026)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 3-9
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (0-1 полувреме)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)
одиграно
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3




































