Ниту една НБА ѕвезда не се пријави во натпреварот за забивање на Ол-старот во Лос Анџелес.

Победата му припадна на Кишадо Џонсон од Мајами, кој заработи најголеми оценки од судиите.

Во финалето се пласираше и Картер Брајант од Сан Антонио, кој во втората рунда го доби максималниот резултат од 50 поени. Сепак, во финалето Брајант се мачеше при второто забивање. Ги промаши првите два обида, па во последната секунда заврши со едноставно забивање.