Актуелниот македонски првак тетовска Шкендија ја забележа триесеттата првенствена победа. Во воведниот натпревар од 18 коло, одигран во Кавадарци фудбалерите на Шкендија го совладаа Тиквеш со 1-3.
Домаќините поведоа во 24,минута. По брзата контра од левата страна по убавото уфрлување на Стојанов, на вистинското место се најде Кристијан Стојковски за 1-0 за Тиквеш.
Тоа како да го „разбуди заспаниот“ тим на тетовци кој во продолжението тргна по офанзивно. Во 36.минута се закани Љатифи кој биеше над голот. Затоа во судиското дополнение (45+1) Сенегалецот, Тамба не згреши и погоди за израмнување на 1-1.
По само две минути игра во втор дел, а по корнерот од левата страна, Мелиќи погоди за водство на Шкендија од 1-2. Веќе во 68-мата минута Зејнилаи зголеми на 1-3 за тетовци. Интернационалецот од Габон, Ндзенгуе во 78.минута ги постави конечните 4-1 за Шкендија.
Со новите бодови и вкупно 42, сега Шкендија избива на 2.место на табелата, со 3 бода помалку од Вардар и еден повеќе од Струга Т.Л.
Ривалите на тетовци во трката за титулата вардар и струга утре ќе ги играат своите натпревари од ова кола. Стружани во дербито го пречекуваат Силекс, додека Вардар ќе игра со претпоследно пласираниот Работнички.
ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО
сабота (14.02.2026)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4
недела (15.02.2026)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (13 часот)
понеделник (16.02.2026)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)




































