Ѓорѓи Кочов ќе биде асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка кошаркарска репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал.

Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство.

По завршувањето на играчката кариера, тренерската ја започна во 2014 година, со исклучителни резултати во младинските селекции на Вардар, каде уште во првата сезона освои три шампионски титули.

Во текот на својата кариера, Кочов беше дел од стручните штабови на младинските репрезентации на Македонија, селектор на јуниорската репрезентација, како и тренер во МЗТ Скопје Аеродром, со кој го освои шампионскиот трофеј и настапи во финалето на АБА 2 лигата.

Последните неколку години, Кочов е дек од стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Кемниц екипа со која ја освои титулата во ФИБА Евро Купот во 2024 година.

Следете нé на социјалните мрежи