Зверев со триумф над Тиен за полуфинале на Австралија Опен
Александар Зверев ја продолжи својата победничка серија на Австралија Опен, совладувајќи го Американецот Лернер Тиен во четвртфиналето со 6-3, 6-7, 6-1, 7-6 по три часа и 13 минути борба.
За Тиен ова беше историски настап, прво четвртфинале на Гренд слем турнир, но искусниот Германец уште еднаш ја потврди својата надмоќ, запишувајќи ја третата победа во нивните меѓусебни дуели.
Зверев го контролираше првиот сет со еден брејк, додека вториот сет се решаваше во тај-брејк, каде што Тиен успеа да се врати и да израмни. Третиот носител потоа експресно го освои третиот сет со 6-1, а во четвртиот повторно се играше тај-брејк. Тиен имаше сет-поен при 6-5, но Зверев покажа зошто е фаворит, поведувајќи со 6-0 во решавачкиот гем и ја искористи четвртата меч топка за конечна победа.
Минатогодишниот финалист сега го очекува исходот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Алекс Де Минаур, кој ќе го одреди неговиот противник во полуфиналето.



































