Третата рунда во конкуренцијата 1 од главната фаза на ЕП за ракометрари, не донесе изненадувања.

Европскиот шампион Франција, светскиот и олимписки првак Данска и селекцијата на Германија славеа победи.

Француската ракометна репрезентација ја победи Португалија со 46:38 во најефикасниот натпревар во историјата на натпреварувањето. Данците бодрени од домашната публика ја надиграа Шпанија со 36:31. Репрезентацијата на Германија предводена од голманот Волф и неговите 22 одбрани, ја совладаа Норвешка со 30-28.

Германците остануваат лидери во оваа група со 6 бодови, пред Франција и Данска кои имаат по 4. Во последните две кола, меѓунив треба да се бараат двајцата полуфиналисти од оваа група.

Германците имаат предност, но и потешка задача, бидејќи во последните две кола ќе играат со конкурентите, прво Данска, а потоа и Франција.

Следете нé на социјалните мрежи