Дербито на вечерта во НБА лигата, ноќеска се одигра во Лос Анџелес. Тимот на Клиперс во улога на домаќин ги совладаа Лејкерси со 112-104.

Бадијала остана уште една брилијантна партија на Лука Дачиќ кој оствари дабл-дабл. Словенецот заврши со 32 поени, 11 скока, на кои додаде и осум асистенции. Леброн Џејмс додаде 23 поени, но Лејкерси го претрпеа петтиот пораз во последните 11 натпревари.

Кај победниците, Кавај Ленард постигна 24 поени, за негов најдобар 23-ти натпревар по ред, со најмалку 20 поени. Клиперсите имаат седум од осум победи и 14 на последните 17 натревари, па сега се десетти во Западната конференција. 

Нај неизвесниот натпревар се одигра ви Филаделфија каде „76-ките“ победија по продолжение против Хјустон Рокетс со 128:122. Тајрис Макси го израмни резултатот на 115:115, 40 секунди пред крајот на четвртиот период. Сиксерс го отворија продолжението со пет нерешени поени и никогаш не заостануваа до крајот.

Макси го заврши натпреварот со 36 поени и десет асистенции, Џоел Ембиид додаде 32 поени, 15 скока и десет асистенции. Кевин Дурант ги предводеше Рокетсите со 36 поени и седум скока.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:
Орландо – Шарлот 97:124
Филаделфија – Хјустон 128:122 (по продолжение)
Вашингтон – Денвер 97:107
Далас – Голден Стејт 123:115
Минесота – Чикаго 115:120
Јута – Сан Антонио 126:109
Портланд – Мајами 127:110