Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со 24-23 во драматичен натпревар одигран во Хернинг
Со оваа победа обезбеди статус на носител во жрепката за баражот за следното Светско првенство.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично прво полувреме и во текот на целиот меч имаа резултатска предност, која на паузата изнесуваше 13-9. Македонија во неколку наврати водеше и со пет голови разлика, но падот во играта во завршните минути им овозможи на Романците да се вратат и во 57. минута првпат да израмнат на 22-22.
Во драматичната завршница, Филип Кузмановски погоди од седум метри за 23-22, Романија израмни на 23-23, а Костески со гол во последната секунда ја донесе победата за Македонија.
Кузмановски беше најефикасен со девет голови, додека Мартин Томовски забележа пет одбрани.


































