Капитенот Филип Кузмановски беше вистински лидер на Македонија во дуелот со Португалија. Неговите 15 голови во ремито со Португалците, беа повеќе од доволни тој да биде прогласен за играч на натпреварот.

,,Среќен сум и горд на целата екипа што се бореше за Македонија. Игравме со срце, душа и глава за Македонија, сега одиме понатаму, ако го повториме овој меч со Романците, верувам дека може да победиме. И во тој дуел мора да одиграме исти шеесет минути, машки натпревар и се надевам на победа“, изјави Кузмановски.

Во последното коло, во вторник попладне. Македонија ќе се судри со Романија и мора да победи.