Македонскиот шампион тетовска Шкендија, веќе испиша историја, не само клупска, туку и за мак-фудбалот воопшто.
Тетовци се првиот македонски тим кој најдолго се задржа на европската сцена. Македонскиот првак ја мига групната фаза во Конференциската лига, па сега ги чека настап во разигрувањето.
Тетовци попладнево (13 часот) ќе ги дознаат противниците за 1/16-финалето, но и потенцијалниот противник за осминафиналето.
Со оглед на тоа дека ждрепката е полудиригирана, јасно е дека четири тима се можни противници на Шкендија. За 1/16 финалето можни противници се турскиот Самсунспор или полскиот тим на Лех Познањ. Натпреварите ќе се играат на 19 и 26 февруари. Доколку тетовци ја минат и таа фаза, во осминафиналето (12 и 19 март), би играле со подобриот од двомечот Рајо Ваљекано – Шахтјор.


































