Македонија денеска го почнува својот деветти настап на Европските шампионати. 

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на стартот ќе се соочат со ко-домаќинот Данска.

Актуелниот светски олимписки првак Данска важи и заглавен фаворит за освојување на златото на ова првенство. Тие ќе се обидат да го повторат успехот на единствената Франција која успеа да ги обедини трите титули.

Јасно е дека Данците важат за апсолутен фаворит во дуелот против Македонија па затоа селекторот Лазаров порачува:

„Го играме првиот натпревар против најдобриот тим во светот во последните 10 години, Данска. Многу сме возбудени што ќе играме против нив.

Тие се дома, тоа ќе биде многу тешко за нас, но ние немаме што да изгубиме во овој натпревар и ќе се обидеме да уживаме во него. 
Разговарав со моите млади играчи дека ќе биде ново искуство да се игра во една земја која го сака ракометот, можеби тоа е најдобриот спорт.

Во други земји фудбалот е најпознатиот спорт, но тука во Данска да, фудбалот, но ракометот е на прво место. Тоа е големо искуство за сите“, вели Лазаров. 

Македонските ракометари нема што да загубат на овој меч, а може да добијат многу. Треба само да излезат на теренот и борбено да одиграат на  во текот на целиот натпревар. Да се остане непоразен би било вистинска сензација, но зошто да не се надеваме на тоа. 

Дуелот Македонија – Данска ќе се игра вечерва со почеток од 20.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи