Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23.
Нашите девојки тргнаа храбро напред, но немаше завршница. Македонија добро стартуваше, но Словенија водеше 13-11 на одмор.
Во вториот дел одигравме многу подобро и посигурно. Имавме контрола и шанса за триумф. Имавме напад за победа во последните секунди. Водевме 23-22. Но таа можност не беше искористена, a Новак израмни.
Јована Кипријановска постигна осум гола. Марија Јанкуловска додаде четири важни погодока. Македонија останува во борба за трофејот.
Решава утре против Словачка. Словачка има четири бода, ние сме на три. Словенија е третa со еден бод. Домаќинот Турција е без поени. Нашите девојки веруваат во успех. Сѐ е отворено до последниот свиреж.





































