Машката кошаркарска репрезентација на Македонија во Даблин попладнево ќе го игра вториот натпревар во претквалификации за Европското првенство 2029 година. По убедливата победа над Азербејџан во Скопје пред два дена, македонските кошаркари сега и гостуваат на Ирска.

Селекторот Илиевски направи една измена во тимот, па на местото на натурализиран играч, па вечерва на теренот ќе истрча Џејкоб Вајли.

Ирците во првата рунда претрпеа пораз со 13 поени разлика на гостувањето кај Луксембург. И тоа доволно говори со како квалитет располага ирската кошарка.

Сепак капитенот Војдан Стојановски смета дека Ирците се поквалитетен противник од претходниот, Азербејџан.

„Ирците се поквалитетен противник од Азербејџан.

Но она што ние мораме да го сториме е да ја оправдаме фаворитската улога на терен.

Најважно е да ја играме нашата игра, да покажеме 40 минути борба како против Азербејџан, ако го сториме тоа резултатот нема да изостане“, вели Стојановски.

Македонија секако е фаворит, а тоа ќе треба да го потврди на теренот во дуелот што ќе почне од 18 часот. Натпреварот Р.Ирска – Македонија може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи