Актуелниот европски првак Париз Сен Жермен не дозволи изненадување во дуелот со англискиот Тотенхем.
Во најефикасниот натпревар од 5.коло на Лигата на шампионите, ПСЖ славеше со 5-3 против Тотенхем, кој во два наврати имаше водство.
Бразилецот Ричарлисон во 35.минута го отвори резултатот за водство на гостите од 0-1. Во финишот на првото полувреме (45), Витиња изрмни на 1-1. Гостите од Лондон по пет минути игра во вториот дел (50) преку Коло Муани пак поведоа (1-2). Новната радост не траеше долго бидејчи три мубти подоцна Витиња повторно израмни (2-2).
За пресврт и водство на „светците“ се погрижија Руиз (59) и Пачо (65). Коло Муани со својот втор го, во 72.минута ја врати надежта на Тотенхем. Сепак, Португалецот, Витиња од пенал во 76.минута, комплетирајќи го својот прв хет-три, ја потврди победата на ПСЖ со 5-3.


































