Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток попладне, ќе го игра прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2029 година.
На 27. ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува репрезентацијата на Азербејџан, во натпревар од групата „А“.
Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.
Во соработка со Македонската радио и телевизија, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 19.часот.




































