Во НБА лигата ноќеска се одиграа девет натпревари кои донесоа многу возбудувања и спектакуларни настапи.
Денвер Нагетс успеаја да ја продолжат својата победничка серија со триумф над Хјустон Рокетс, резултат 109:112.
Никола Јокиќ уште еднаш ја потврди својата маестралност. За 39 минути на паркетот постигна 34 поени, додаде десет скока и девет асистенции, останувајќи на чекор до нов трипл-дабл. Џамал Мареј беше неговата најголема поддршка со 26 поени, два скока и десет асистенции, со што двајцата заедно ја донесоа победата.
Голден Стејт Вориорс повторно не успеаја да ја задржат предноста во завршницата.
Иако Стеф Кари одигра блескав натпревар со 38 поени за само 33 минути, тимот падна во последните моменти и загуби од Портланд Треилблејзерс со 123:127. Поддршка за Кари дадоа Брендин Подзиемски и Џими Батлер со по 20 поени, но тоа не беше доволно. За Портланд најдобри беа Кејлеб Лав и Дени Авдија со по 26 поени. Лав додаде седум скока и пет асистенции, додека Авдија беше креативен со осум асистенции, што го направи клучен фактор во пресвртот.
Оклахома Сити Тандер ја потврди својата фантастична форма и ја запиша 16-та победа сезонава, совладувајќи го тимот на Јута Џез.
Шаи Гилгиус-Александар уште еднаш беше лидер со 31 поен, два скока и осум асистенции. Исаија Џо беше најдобар стрелец од останатите со 16 поени. Впечатливо е што дури осум играчи на Тандер имаа двоцифрен број на поени, што ја покажува длабочината и силата на составот.
Резултати:
Кливленд – Индијана 120:109
Бостон – Бруклин 105:113
Торонто – Вашингтон 140:110
Чикаго – Мајами 107:143
Далас – Њу Орлеанс 118:115
Финикс – Минесота 114:113
Хјустон – Денвер 109:112
Голден Стејт – Портланд 123:127
Јута – Оклахома Сити 112:144



































