Ракометарите на Охрид вечерва се пред нов предизвик на европската сцена.
Охриѓани пред својата публика во СЦ „Биљанини извори“ ќе гои играат првиот натпревар од 3.коло во ЕХФ Европскиот куп. Во Охрид гостува екипата на Слога Добој.
За разлика од првите два европски натпревари кои Охрид ги играше на домашен терен со азербејџанскиот Баки, сега ќе имаат потешка задача. Босанскиот тим е многу посилен противник, но за охриѓани тоа ќе биде добар предизвик дека располагаат со квалитетен тим.
Амбициите на Охрид не се само борба за трофеите на домашната сцена, туку и што е можно подобар пласман на европската.
Како ќе изгледа сето тоа на вечерашниот натпревар што почнува од 18 часот, може да ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Инаку, реванш натпреварот во Добој ќе се игра на 22 ноември (сабота од 18 часот).





































