Ноќеска се одиграа пет НБА натпревари, од кои ги издвојуваме новите неверојатни настапи на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Дуел меѓу Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс беше најавен како дерби. Сепак гостите од ЛА славеа лесно и убедливо со 95:119. И овој пат брилијантен беше Лука Дончиќ кој постигна 41 поен, а додаде и девет скока и шест асистенции.

Остин Ривс помогна со 25 поени и осум асистенции, додека Деандре Ајтон го заокружи настапот со дабл-дабл со 20 поени и десет скока. На „Бакс“ не им помогна ниту одличниот Јанис Антетокумпо, кој постигна 32 поени за 32 минути.

Никола Јокиќ се погрижи Дончиќ да не ја добие целата слава. Србинот забележа нов трипл-дабл во десеттата победа на Денвер во сезоната. Србинот постигна 27 поени, имаше 12 скока и десет асистенции, а Денвер славеше на гости кај Минесота со 112:123.

Тим Хардавеј имаше добар настап постигнувајќи 23 поени, а дабл-дабл оствари Џамал ​​Мареј кој додаде 11 асистенции на своите 23 поени.

НБА:

Кливленд – Мемфис 108:100
Шарлот – Оклахома Сити 96:109
Индијана – Торонто 111:129
Милвоки – ЛA Лејкерс 95:119
Минесота – Денвер 112:123