Кога се настапите на Никола Јокиќ во НБА лигата се во прашање сезонава, веќе ни снемуваат епитети. Она што Јокиќ прави на НБА терените е навистина нереално.

Србинот ноќеска против Лос Анџелес Клиперс, 55 поени, на кои додаде 12 скока и шест асистенции. Сето ова со забелешката дека играше само три минути во последната четвртина. Но и тоа беше доволно да постигне повеќе поени од целата стартна петорка на Клиперси. Денвер го доби натпреварот со 130:116, а Јокиќ по четврти пат во кариерата постигнува 50+ поени.

Натпреварот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Лос Анџелес Лејкерс привлече големо внимание, а беше најавуван како дерби. Сепак актуелниот шампион се погрижи да не биде така, па славеше со 121:92 за 12-та победа сезона, со само еден пораз.

Ова е четврти пораз на Лејкерси, а не можеа да го избегнат бидејќи Тандер беа значително подобри, што се гледа од нивниот настап во четвртфиналето (30:18, 40:20, 30:26, 21:28).

Шаи Гилгус-Александар беше лидерот на Тандер со 30 поени, пет скока и девет асистенции, а Лука Докиќ за Лејкерси постигна 19 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Милвоки 111:100
Детроит – Чикаго 124:113
Њујорк – Орландо 107:124
Бостон – Мемфис 131:95
Мајами – Кливленд 116:130
Хјустон – Вашингтон 135:112
Њу Орлеанс – Портланд 117:125
Сан Антонио – Голден Стејт 120:125
Далас – Феникс 114:123
Оклахома Сити – ЛАЛејкерс 121:92
Сакраменто – Атланта 100:133
ЛА Клиперс – Денвер 116:130