Македонскиот шампион екипата на Шкендија вечерва ќе го одигра својот трет натпревар во групната фаза од УЕФА Конференциската лига.

Тетовци на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекуваат полска екипа Јагелонија.


По историската победа над Шелбурн во претходното коло, избраниците на Беќири ќе се обидат да направат чекор повеќе и да ја извојуваат втората. Задачата сигурно нема да биде лесна бидејќи Јагелонија е поквалитетен тим.

„Се работи за компактна екипа, која е агресивна посебно во средината на теренот и во нападот. Имаат организиран пресинг и ние мора да бидеме внимателни во тој дел.

Јагјелонија мал фаворит на хартија, ние ќе ја предадеме улогата, но ќе се обидеме да покажеме добра игра, да бидеме на нашиот максимум и на крајот се надеваме дека ќе имаме добар резултат“, изјави Беќири тренерот на Шкендија. 

Почетокот на натпреварот меѓу Шкендија и Јагелонија е закажан во 21 часот. 

Следете нé на социјалните мрежи