Македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски неодамна беше полесен гост на „Кралскиот“ Реал Мадрид за кој своевремено настапуваше.
Богоевски имаше ексклузивна средба со моќниот Претседател на Реал Мадрид, г-дин Флорентино Перез.
Поканата, која пристигна директно од кабинетот на Перез, беше за заедно да го проследат натпреварот од Шпанската Примера лига помеѓу Реал Мадрид и Валенсија. Од свечената ложа на „Сантијаго Бернабеу“, Богоевски и Перез уживаа во фудбалската претстава и победата на домаќинот.
. Владимир Богоевски е легенда на одбојкарската екипа на Реал Мадрид, каде што настапуваше со огромен успех во раните 1980-ти.
Оваа средба не е само куртоазен гест, туку длабоко признание за придонесот на Богоевски.
Владимир Богоевски до неодамна ја извршува функцијата Спортски директор на Македонскиот олимписки комитет, а сега ќе биде советник за спорт на претседателот на МОК.

































