Синоќа беа одиграни 11 натпревари во НБА лигата. Филаделфија и Чикагосе единствените непоразени на Истокот, додека Сан Антонио и Оклахома на Западот. Се издвојува новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ, како и одличната игра на Лаури Марканен.

Денвер Нагетс забележаа победа на гостински терен кај Минесота Тимбервулвс со резултат 114:127, а во третиот натпревар од сезоната, Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок.

Joкиќ синоќа заврши со 25 поени, 19 скока и десет асистенции, за неговиот 167-ми трипл-дабл во кариерата. Џамал ​​Мареј го предводеше тимот со 43 поени и шест скока.

Финецот, Лаури Марканен ја предводеше Јута до победа над Финикс Санс со 138:134 по продолжение.

Марканен го заврши дуелот со 51 поен. Тој е првиот играч на Џез по Карл Мелоун кој постигнал 50 или повеќе поени во еден натпревар. Малоун го постигна овој подвиг на 6 април 1998 година, против Голден Стејт Вориорс.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 95:116
Филаделфија 76ерс – Орландо Меџик 136:124
Чикаго Булс – Атланта Хокс 128:123
Хјустон Рокетс – Бруклин Нетс 137:109
Њу Орлеанс Пеликанс – Бостон Селтикс 90:122
Сан Антонио Спарс – Торонто Репторс 121:103
Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 94:101
Јута Џез – Финикс Санс 138:134 (по продолжение)
Минесота Тимбервулвс – Денвер Нагетс 114:127
Голден Стејт Вориорс – Мемфис Гризлис 131:118
ЛА Лејкерс – Портланд Треил Блејзерс 108:122