Фудбалерите на Барселона ја остварија втората победа во лигата на шампионите. Тие вечерва пред својата публика на „Монжуик“ убедливо со 6-1 го декласираа грчкиот Олимпијакос.

Фермин Лопез натпреварот го заврши со хет-трик. Тој ја отвори серијата уште во седмата минута, а во 39-та зголеми на два нула. Во 54-минута Олимпијакос од пенал намали на 2-1. Потоа на сцена стапија Ламин Ламал и Рашфорд кој постигна два гола.

Лопез хет-трикот го комплетира во седумдесет и шестата минута.

Во вториот денешен натпревар Кариат Алмати и кипарскиот Пафост одиграа без голови 0-0.

Вечерва од 21 часот на програмата се уште седум натпревари, а најинтересно се очекува да биде во Лондон и Леверкузен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 3.КОЛО

Вторник
Барселона – Олимпијакос 6-1
Каират Алмати – Пафос 0-0
Арсенал – Атлетико Мадрид 21:00 часот
Баер Леверкузен – ПСЖ
Копенхаген – Борусија Дортмунд
Њукасл – Бенфика
ПСВ – Наполи
Ројал Унион СГ – Интер
Виљареал – Манчестер Сити