Ракометарите на Охрид се пред пласман во третото коло на ЕХФ Европскиот куп.

Тие денеска ќе го играат реванш дуелот од второто коло против азербејџанскиот Баки и тоа пред својата публика.

Охриѓани вчера славеа лесна и убедлива победа со 33 голови разлика 44-11. Така денешниот реванш дуел ќе биде само чиста формалност, за потврда и пласман во третата рунда.

Натпреварот Охрид – Баки ќе се игра во терминот од 18 часот.

Потсетување дека во ова натпреварување претставник на Македонија е и тимот на Тиквеш, кој пак е пред елиминација. Кавадарчани вчера на гостувањето во Турција загубија од Бешикташ со 11 голови разлика (20-31).

Тиквеш ќе има тепка задача и речиси „невозможна мисија“ да ја надополни негативата на реваншот во Кавадарци закажан за 18 октомври (сабота од 18 часот).

Следете нé на социјалните мрежи