Реал М. со победа од 5:0 против Каират Алмити го отвори второто коло во Лигата на Шампиони. Вториот натпревар помеѓу Аталанта и Клуб Бриж заврши со победа на италијаните од 2:1.

Реал Мадрид се опорави од тешкиот пораз во Ла Лига и со петарда убедливо триумфираше во Казакстан. Иако резултатски Реал оствари голема победа сепак домаќините му беа доста тежок и достоен ривал на Реал. Стрелци на головите беа Мбапе со хет-трик со головите во 25.та од пенал, 52.та и 74.та минута, а по еден гол постигнаа Едуардо Камавинга во 83.та минута и Брахим во 93.та минута од натпреварот.

Аталанта и Клуб Бриж беше доста интересен натпревар кој со пресврт домесе триумф за италијанската екипа од 2:1. Голот за 1:0 Бриж го постигна во 38.та минута преку Цолис, а преку пенал во 74.та минута Самарџиќ изедначи на 1:1 и за триумф во 87.та погоди Пашалиќ.

Вечерва од 21 часот на програмата се уште седум натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2.КОЛО

Вторник
ГАЛАТАСАРАЈ – ЛИВЕРПУЛ 21 часот
АТЛЕТИКО МАДРИД – АЈНТРАХТ
БОДО/ГЛИМТ – ТОТЕНХЕМ
ЧЕЛЗИ – БЕНФИКА
ИНТЕР – СЛАВИЈА ПРАГА
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – АЈАКС
ПАФОС – БАЕРН МИНХЕН

Следете нé на социјалните мрежи