Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди полуфинале на турнирот во Романија.

Ѓорческа со пресврт во полуфиналето славеше победа над Луција Чириќ Багариќ до 2:1.

Иако Хрватката го доби првиот сет со 6-1, следните два Ѓорческа ги одигра неверојатно. Во вториот возврати со идентични 6-1, а во третиот не загуби ниту еден гем (6-0).

Ѓорческа во полуфиналето за противничка ќе ја има Романката, Марија Сара Пиша.

Турнирот во Слобозија, се игра за награден фонд од 40.000 долари.