Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2:0 за само 65 минути игра.

Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската тенисерка направи серија од десет гемови. Првиот сет го заврши со 6:2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Хрватката, Луција Ќириќ Багариќ.