Машката сениорска репрезентација на Македонија, рано утринава отпатува за Шолнок, Унгарија.
Стартниот неуспех и поразот од Романија, не ги поколеба нашите, во најголем број, млади кошаркари.
Селекторот Марјан Илиевски не менува ништо во своите планови, па на гостувањата во Унгарија, а потоа и во Романија, ќе смета на сите 15-мина кошаркари кои се дел од тренажниот процес. Тие ќе бидат во конкуренција за наредните натпревари.
Првиот е на 9 август (сабота) до 18.30 часот против Унгарија која попладнево го игра својот прв меч од претквалификациите за Светското првенство, а и гостува на Романија.
Ние пак, со Романците реванш натпреварот ќе го играме во Орадеа, на 13 август (среда).



































