Женскиот фудбалски првак на Македонија, тимот на Љуботен прави чекот плус во Лигата на шампионките.
Тетовки се пласираа во втората квалификациска рунда на елитното натпреварување, со двете победи на турнирот одржан во Скопје.
Откако во полуфиналето го совладаа составот на Рунавик убедливо со 4-1, денеска во финалето беа подобри од ерменскиот Пјуник со 4-0.
Македонската репрезентативка, Хава Мустафа беше креаторот на оваа убедлива победа постигнувајќи ги сите четири гола за Љуботен.
Следно за македонските шампионки, е новиот турнир што ќе се игра во Белгија.
Таму, тетовки на 27 август во полуфиналето за противник ќе го имаат шведскиот првак Росендал. Доколку го минат овој противник, повторно ќе играат финален меч, а тој е закажан за 30 август.





































