По контролниот двомеч со Швајцарија, сениорската македонска кошаркарска репрезентација на Македонија во Скопје ги продолжува подготовките за мундијалските квалификации.

Репрезентацијата е во Скопје каде денеска и утре ќе одработи тренинзи, а веќе во среда се сели во Куманово.

„Тоа што ме радува е енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата. 

Дел од играчите се жалеа на болка, и затоа не беа во конкуренција, за дуелите со Швајцарија.

Нормално е да има пад на играта кога ќе бидат на теренот. На двата меча почнавме со различни петорки, но веќе имаме визија кој и колку може. Меѓутоа, многу кратко сме заедно за да фаворизирам некои пет играчи. Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот.

Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа“, вели селекторот Марјан Илиевски.

Во среда, четврток и петок, кошаркарите ќе третираат во кумановската сала каде ќе се играат квалификациските натпревари. 

Првиот натпревар од првиот квалификациски круг, Македонија ќе го игра во сабота на 2 август, а противник ќе биде Романија.

Следете нé на социјалните мрежи