сениорската македонска кошаркарска репрезентација ја оствари втората победа против Швајцарија во подготовките за мундијалските квалификации.

Откако вчера славеа со шест разлика (62-56), денеска Македонија ја победи Швајцарија со 65:52

Како и вчера, гостите подобро го почнаа натпреварот, па првиот квадрат го добија со 18-20. Имаа Швајцарците во втората четвртина +7 во неколку наврати. Сепак, избраниците на селекторот Марјан Илиевски, тоа како повторно да ги разбуди. На крајот на полувремето Македонија заостануваше само два поени 40-42.

Повторно како и вчера, подобра игра на македонската селекција во второто полувреме. Во третиот дел, тргнаа уште поенергично, особено во фазата на одбраната, што резултираше со нашето прво осетно водство, (51:44). Во ист ритам Македонија продолжи и во четвртиот квартал за на крајот заслужена да се радува на нов триумф.

Овие натпревари со Швајцарија се и единствените контроли за македонската пред репрезентација пред стартот на квалификациите за СП 2027.

Репрезентацијата вечерва се враќа во Скопје, а по утрешниот слободен ден, во понеделник и вторник продолжуваат подготовките во СЦ „Кале“. Во главниот град, македонските кошаркари ќе останат се до среда, кога заминуваат за Куманово. Таму во сабота на 2 август ќе го играат првиот квалификациски натпревар, а противник е Романија.

Следете нé на социјалните мрежи