Одбројувањето до стартот на Младинскиот Олимписки Фестивал (ЕМОФ) чиј домаќин е Македонија, е при крај. Веќе утре ќе се одржи свеченото отворање, а во понеделник започнуваат натпреварите.

Македонија ќе биде претставувана од 181 спортист во сите 11 спортови. Секако најбројни ќе бидат селекции во колективните спортови.

Ракометот како спорт број 1 во државата сигурно ќе привлече големо внимание, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански и „Кале“

Нашата земја ќе биде претставена во двете конкуренции машка и женска, а за љубителите на овој спорт во продолжение распоредот на натпреварите

Машката кадетска селекција ќе ги игра своите натпревари во Спортската сала „Кале“:
21.07 – Македонија – Хрватска – 18:15 ч.
22.07 – Шпанија – Македонија – 18:15 ч.
23.07 – Македонија – Исланд – 18:15 ч.
Во зависност од резултатите, нашите ракометари ќе настапат и на 25 и 26 јули во натпреварите за конечен пласман.

Женската кадетска селекција ќе се натпреварува во Спортскиот центар „Јане Сандански“:
21.07 – Македонија – Исланд – 16:00 ч.
22.07 – Швајцарија – Македонија – 16:00 ч.
23.07 – Македонија – Норвешка – 16:00 ч.
Во зависност од резултатите, нашите ракометарки ќе настапат и на 26 и 27 јули за конечен пласман.

Следете нé на социјалните мрежи