Македонија од 20 до 26 јули ќе биде домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ). На 14 локации во Скопје и Куманово, ќе се одржуваат натпреварите во повеќе спортови, на ова младинско натпреварување.

50 делегации со над 4200 спортисти ќе се бодат за медалите. Најбројна секако ќе биде македонската која ќе има свои претставници во сите спортови.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ денеска беше претставена нашата делегација која ќе брои вкупно 181 спортисти.

Најголема придобивка од оваа манифестација секако ќе биде искуството кое ќе го стекнат овие млади спортисти.

Се надевам дека токму меѓу нив ќе има идни македонски олимпијци. Тоа секако е императив от и мотивот со кој ја почнавме оваа приказна”, изјави претседателот на МОК, Даниел Димевски.

МОК најави дека вкупниот број на гости од другите држави (спортисти, тренери, медицински персонал, судии и гости) ќе ја надмине бројката на 6.500.

Свеченото отворање на игрите е закажано за во недела со директен телевизиски пренос на МРТ.

Македонската делегација на свеченото отворање како знаменосци ќе ја предводат кајакарот Кристијан Силев и одбојкарската Матеја Поповска.