Трите македонски екипи претставници во УЕФА Конференциската лига, денеска ќе ги играат реванш натпреварите од првото елиминациско коло.

Работнички и Силекс ќе имаат тешки задачи во реванш дуелите против втор белорускиот Торпедо односно црногорскиот тим Дечиќ. „Романтичарите” ќе треба да ја надополнат три, а Кратовци два гола, негатива од првите натпревари на гостински терен.

Први на терен ќе се појават фудбалерите на Работнички и тоа на арената „Тодор Проески“ во терминот од 18 часот. Еден час подоцна (19) Силекс на „Петар Милошевски“ крај ФФМ ќе го игра својот дуел со Дечиќ.

Затоа пак Вардар само рутински ќе треба потврди пласманот во второто квалификациско коло. Црвено-црните на гостувањето во Сан Марино ва кај Лафиорита во реваншот ќе влезат со три гола позитива. Овој натпревар ќе почне во терминот 21 часот.