Капитенот на тетовска Шкендија, Бесарт Ибраими има убави сеќавања од дуелот со ТНС во Скопје одигран во 2018 година. Тетовци тогаш славеа убедлива победа со 5-0 над велшкиот тим, а Ибраими беше стрелец на дури четири гола.
Вечерва македонскиот првак повторно во Скопје се среќава со ТНС во реваншот од 1.коло квалификации за Лигата на шампионите.
На Ибраими не му е важно дали тој ќе постигне гол, туку важно е неговиот тим да победи.
„Како напаѓач мојата работа е да постигнувам голови и секогаш се обидувам тоа да го направам.
Сепак сега не ми е важно дали јас или некој друг ќе постигне гол. Најважно е ние како тим да победиме и да се пласираме во следната рунда.
Знаеме дека не чека тежок натпревар, но подготвени сме да го дадеме максимумот и да ја оствариме целта“, изјави Ибраими.
Ибраими и Шкендија ќе се обидат да ја искористат предноста што играат пред својата публика, а како ќе заврши дуелот останува да видиме.
Натпреварот ќе почне од 20 часот, а ќе може да го следите и низ ТВ пренос на МРТ3 или ОВДЕ (линк)