Сениорската македонска кошаркарска репрезентација попладнево ги почна подготовките за новиот квалификациски циклус. Со нов селектор, Марјан Илиевски, Македонија ќе игра во првата рунда од квалификациите за СП 2027 година.
Македонија ќе настапува во групата „А“, во за противници ќе ги има Романија и на Унгарија.
На првата прозивка, селекторот Илиевски на располагање има 10 од 27-мината кошаркари кои се најдоа на неговиот список.
На денешниот прв тренинг се појавија: Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ
Голем е делот на играчите кои се најдоа на списокот на Илиевски кои нема да настапат поради повреди. Отсуството од таа причина веќе го откажаа Ефремовски, Маслинко, Николов, а денеска и Лејсон Зекиори, додека Ѓуровски иако беше на прозивката, денеска не тренираше од иста причина.
Дополнително треба да се приклучат Адем Мекиќ и Теодор Симиќ (17 и 19 јули), како и Андреј Јакимовски (23 јули) кој сеуште е во САД.
Во oвој циклус наш натурализиран кошаркар ќе биде Џејкоб Вајли.
Репрезентацијата во наредните три дена ќе биде во Скопје, по што се сели во Гевгелија. Таму ќе бидат одиграни и два контролни натпревари на 25 и 26 јули против Швајцарија. Репрезентацијата ќе остане во Гевгелија се до преселбата во Куманово каде ќе се играат натпреварите. Првиот е закажан за 2 август против Романија.