18 годишната руска тенисерка Мира Андреева играа фантастилно на Вимблдон. Таа ја оствари и третата победа на неофицијалното светско тениско првенство.
Андреева во меч од 3.коло, за 1 час и 19 минути игра во два сета ја победи Американката, Хејли Баптист. Во првиот сет Андреева на противничката и препушти еден (6-1), а во вториот три гема (6-3).
Сега Андреева која е седма носителка на овој Гренд слем, ќе ја чека противничката за осминафиналето. Тоа ќе биде подобрата од мечот меѓу Барбота Крејчикова од Чешка и Американката, Ема Наваро.
Од фаворитките попладнево на терените на „Ол Инглад Клуп“’ ќе настапи и некогаш првата светска тенисерка Ига Швонтек. Чешката тенисерка, кој на Вимблдон е 8-носителка, за противничка во 3,коло ја има Американката, Даниеле Колинс.

































