Реванш финалниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК сеуште не е почнат. Иако стартот на натпреварот беше закажан за 20.30 часот, ракометарите на АЕК не излегуваат на теренот.
Информации велат дека претседателот на грчката екипа не дозволува ракометарите на АЕК да излезат на теренот.
Наводно ваквата одлука на грчкиот тим се должи дека нивните навивачи наместо да влезат во салата, решиле да заминат назад за Атина.
На ова претходело и кавга меѓу навивачите и ракометарите на АЕК поред нивното доаѓање во салата од хотелот што се наоѓа во непосредна близина.
Последната информација е дека дуелот нема да се одигра, односно е одложен. Одлуката треба да ја донесе ЕХФ во вторник или среда.





































