По скандалозната одлука на раководството на грчкиот тим АЕК да не го одигра реванш финалниот меч со Алкалоид, се огласи Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Срамно е ЕХФ што во краткото соопштение вели дека натпреварот е одложен од безбедносни причини.

Ова е соопштението на ЕХФ (ЛИНК)

Финалето на Европскиот куп на ЕХФ во Скопје помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини.

Овој натпревар беше реванш од финалето. РК Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25.

Дополнителни информации за понатамошните постапки ќе бидат доставени навремено.