Женската тениска репрезентација на Македонија е во Ларнака, Кипар каде ги игра натпреварите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот (БЏК купот).
Откако во првата фаза забележаа две победи над Јужна Африка и Косово, а беа поразени од Норвешка, македонските тенисерки сега разигруваат за пласман од 4 до 6 место.
Тие денеска беа поразени од тенисерките од Египет.
Во првиот сингл меч Магдалена Стоилковска, го двобои првиот сет против Гана Хосам Салах со 6-4. Сепак следните два ги загуби со 3-6 и 0-6.
Во вториот меч голем пех за Лина Ѓорческа. Тетовката го доби првиот сет против Ламис Абдел Азиз со 6-3. Во вториот при водство на противничката со 1-4 го предаде мечот поради повреда.
Следен ривал на македонските тенисерки ни биде домаќинот Кипар.

































