Вчерашните ефикасни натпревари во Лигата на шампионите, се свеовидна најава за уште еден интересен ден во елитното фудбалско натпреварување. Во него, денеска на програмата се четири нови натпревари.

Таа ќе биде отворена со дуелот во Ротердам, каде Феенорд го пречекува Интер. Холандскиот тим направи големо изненадување со елиминацијата на Милан во претходната рунда. Сега задачата да се повтори успехот ќе биде уште поголема бидејчи за противник го има актуелниот италијански шампион Интер.

Во терминот од 21 часот ќе се играат уште три, навидум поинтересните натпревари.

Германското дерби ќе се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува актуелниот шампион Баер од Леверкузен. Баварците посакуваа да ја продолжат со успешните резултати, како би имале шанса да стигнат до финалето кои ќе се игра токму во Минхен.

На „Паркот на принцовите“ во Париз, кај францускиот шампион ќе гостува Ливерпул. И ова е уште еден во низата „епски“ дуели двата тима влегуваат со желба за победа. ПСЖ незапирлив во француското првенство, а истото важи за Ливерпул во премиер лигата.

Така ќе биде и во Лисабон каде португалскиот тим Бенфика ќе ја угости шпанската Барселона. Гостинскиот тим ќе ја има благата улога на фаворит пред се поради минатото, но и лошата здравствена состојба во таборот на Бенфика. Во таборот на португалската екипа недостасуваат повеќемина фудбалери, а неизвесен е и настапот на еден од клулните играчи, Ангели Ди Марија.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ

Среда (5 март)
ФЕЕНОРД – ИНТЕР од 18:45 часот
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ од 21:00 часот
БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА
Вторник (4 март)
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 2-1
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ 1-1
ПСВ – АРСЕНАЛ 1-7
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-3