Ноќеска во НБА лигата се одиграа шест натпревари, а вниманието го привлече дуелот во Денвер каде гостуваше тимот на ЛА Лејкерс. Победа славеа гостинските кошаркари и тоа убедливо со 123:100.

Словенецот Лука Дончиќ го одигра својот најдобар натпревар во новиот тим. Дончиќ постигна 32 поени, забележа десет скока, а имаше и седум асистенции и четири украдени топки. Леброн Џејмс за победничката екипа додаде 25 поени со девет скока, пет асистенции и три блокади.

Така бадијала остана новиот трип-дабл на Никола Јокиќ. Србинот натпреварот го заврши со 12 поени, 13 скока, 10 асистенции), но шутираше бедни 29% (2/7) од поле и имаше шест загубени топки.

Ова беше осма победа за Лејкерси во последните десет натпревари и тие се петти на Западот со скор 34-21. Нагетс се трети со 37 победи и 20 порази.

Резултати од останатите натпревари:
Чикаго – Феникс 117:121
Филаделфија – Бруклин 103:105
Јута – Хјустон 124:115
Портланд – Шарлот143:88