Листата на осминафиналисти во фудбалската Лига на шампиони ја комплетира холандската екипа ПСВ Ајндховен.
Ова откако во реванш дуелот пред своите симпатизери ПСВ по продолжение го елиминира Јувентус.
Минималната победа на првиот меч во Торино (2-1) не беше доволна за „старата дама“.
Вечерва во реваншот во Ајндховен, Јувентус по продолжение загуби од ПСВ со 3-1.
Хрватот, Иван Перишиќ во 53.минута беше стрелец на голот на ПСВ. Десет минути подоцна Тимоти Веа го израмни резултатот на 1-1. доволни за пласман на Јувентус во следната фаза. Во 74-тата минута Саибари повторно му донесе предност на домашниот тим од 2-1. Со тој резултат завршија и регуларните 90 минути, по се играа продолженија.
Во првото, односно 98.минута Фламинго по трет пат вечерва го совлада Ди Григорио, за водство на ПСВ од 3-1. Голема шанса за гол имаше Влаховиќ кој ја погоди стативата во 105-тата минута.
Со елиминацијата на Јувентус, а вчера Милан и Аталанта, Италија остана само на еден претставник во елитното натпреварување, шампионот Интер.